Економија, финансии, бизнис

Контакт

При снежна лавина во Грција еден човек загина

При снежна лавина во Грција еден човек загина

Лавина од снег затрупа група сноубордери во скијачкиот комплекс „Василика“ во Грција, при што 30-годишен човек, кој е префрлен во болница во критична состојба, починал.

Човекот удрил во дрво под налетот на лавината, при што добил сериозни повреди, а другите членови на групата се во добра здравствена состојба.

Лекарите еден час се обидувале да го реанимираат, но безуспешно. 

Во таа област видливоста била ограничена поради маглата, а грчки информативни портали пренесоа дека во моментот кога се случил инцидентот, скијачките патеки биле затворени поради маглата, па група сноубордери се обиделе да се спуштаат надвор од патеките.

Слично

Поврзани вести