Економија, финансии, бизнис

Контакт

При налетот на ураганот, град во Грција урна рекорд

При налетот на ураганот, град во Грција урна рекорд

При налетот на ураганот, град во Грција урна рекорд во однос на наврнати количини на дожд. 

Градот Ламија го урна европскиот рекорд со 142 мм врнежи на метар квадратен, а зад него е  аеродромот Андравида со врнежи од 60 мм.

На четврто место е повторно локација од Грција, аеродромот Келфанија со 53,5 мм врнежи.

Ураган беснее во Грција. Бурата ,,Јанос” позната како медитерански ураган денеска ја зафати западна Грција. 

Противпожарните служби имале  60 интервенции. Тие помагале да испумпуваат вода од домовите и продавниците. Брод потона во Кефалонија поради големите бранови.

Градоначалникот на Кефалонија, Теофилос Михалатос изјави дека никој не е повреден, но оштетени се домовите, транспортната инфраструктура и системите за водоснабдување.

Слично е и на Закинтос и Итака каде многу домови се без електрична енергија.

Вакво невреме немало во овој дел од Европа. 

Слично

Поврзани вести