Економија, финансии, бизнис

Контакт

При крај се подготовките за изградба на патот Битола-Ресен до превојот Буково

При крај се подготовките за изградба на патот Битола-Ресен до превојот Буково

За две до три недели треба да биде потпишан договор за изградба на патот Битола-Ресен до превојот Буково.

Премиерот Никола Груевски денес истакна дека проектот е при крај и во завршна фаза на реализација.

-Тоа е наше ветување и ние се движиме кон негова реализација, истакна премиерот, кој денес е во Ресен каде го појасни процесот за изградба на социјални станови за лица приматели на социјална помош во Ресен и други македонски општини.

Премиерот посочи дека во моментот се завршени и се чека на технички прием на  43 станови, од кои 25 се во Демир Хисар и 18 во Ресен по што ќе следи нивна електронска распределба.

Предвидено е до крајот на годинава да се завршат 75 станови и во Прилеп и 10 во Македонски Брод.

Слично

Поврзани вести