Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преживеаа масакар, а ќе платат оштета на киното каде се пукаше

Преживеаа масакар, а ќе платат оштета на киното каде се пукаше
Преживеаните од нападот во киното во градот Аурора, Денвер ќе мора да исплатат оштета од 700 илјади долари бидејќи договорот за спогодба со Cinemark пропадна. Дел од преживеаните во групната тужба одбиле да ја прифатат понудата за оштета од 150.000 долари по лице и продолжиле со државна тужба. aurora preziveani Судот донесе одлука против преживеаните бидејќи го одбиле договорот за спогодба и четворицата кои и натаму продолжиле со тужбата ќе треба да надоместат судски трошоци на Cinemark од 700.000 долари. Нивните адвокати го водеа случајот против Cinemark бидејќи не обезбедил доволно сигурни простории во киното при евентуален напад, но судот процени дека компанијата не можела да предвиди таков страшен настан. James Holmes За потсетување масакрот во Аурора се сличи во 2012-та на премиерата на The Dark Knight Rises кога загинаа 12, а беа повредени 70 лица, а убиецот беше наречен „Џокер“ поради психичката нестабилност. Холмс сега излежува максимална затворска казна.
Слично

Поврзани вести