Презентации за полесно добивање покрив над глава
Во Штип, Делчево и Кочани утре ќе се одржат презентации, за владините проекти со кои се овозможува решавање на станбеното прашање.
Граѓаните ќе се запознаат со можностите кои ги нудат проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.
Со почеток во 17 часот презентации ќе се одржат во Штип во општината, во Делчево во Домот на културата во големата сала и во Кочани во општинската зграда.
Караванот е планирано да посети 30 општини. Следните презентации се во Куманово, Кратово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар, Кичево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар.
Слично
