Превозниците што крстосуваат низ Македонија и Европа под зголемени глоби од државата
Државниот транспортен инспекторат издал поголем број на прекршочни казни и ја зголемил наплатената сума од превозниците во текот на минатата година, а од таму сметаат дека тоа се должи на нелиберализираниот пазар и немањето еднакви услови за сите оператори, како и за тоа дека треба да се намалат одредени глоби.
Во 2018 имало вкупно 980 парични казни за превоз на патници и стока во меѓународниот и меѓуопштинскиот без лиценца, незаконското работење на автобуските станици, неправилно работното време на возачите, сообраќајните незгоди и несоодветното одржување на јавните државни патишта;
При извршените инспекциски надзори кај повеќе од една третина од вкупниот број на записници бил констатиран одреден вид на прекршок. Минатата година биле платени само 234 казни со износ од 6,35 милиони денари, додека се уште неплатени се 674 со износ од 49,6 милиони, а бројот на прекршочни пријави поради ненаплатената глоба е 617. Евидентно е дека вкупната сума на глобата што треба да и ја платата превозниците на државата е нешто помала од еден милион евра.
- Треба да се направи длабока анализа на Законот за превоз во патниот сообраќај со кое треба да се стварат исти услови за стопанисување на сите субјекти на пазарот на трудот, да се либерализират условите за работа и да се намалуваат глобите за некои видови на прекршоци. Има голем број на прекршоци затоа што Законот не им дава исти услови за стопанисувње на пазарот на трудот на сите субјекти, честите измени на законите, оценувањето на инспекторите каде бројот на бодови се повзува со висината на изречената глоба и друго, велат од инспекторатот.
Бројот на доставени наплатни казни се зголемил во однос на 2017 кога биле издадени 904 налози, иако речиси во секој втор инспекциски записник бил пронајден некаков вид на прекршок. Таа година платени биле само 145 глоби од 3,25 милиони денари, а неплатени 674 со износ од 53,4 милиони денари. И покрај овие бројки, наплатата и бројот на казни сепак е многу поголем во годините пред 2017-та.
Минатата година државниот транспортен инспекторат направил контрола над 1.009 физички лица и 2.610 фирми.
А.К.