Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕВИРАЊА НА КОСОВО: Седум Срби дадоа отказ од косовската полиција

ПРЕВИРАЊА НА КОСОВО: Седум Срби дадоа отказ од косовската полиција

Нови превирања има на Косово. Седум Срби дадоа отказ од косовската полиција. 

Четворица Срби ја напуштиле косовската полиција во Лепосавиќ, двајца во Звечан и еден во Митровица. Претходно, американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер како и шефот на ЕУЛЕКС Џовани Пјетро Барбано, објавија дека се „загрижени поради заминувањето на тројцата новопримени српски полицајци и дека внимателно ги следат настаните“.

„Еулекс внимателно ги следи овие загрижувачки случувања. Составот на полициските сили треба да го одразува и претставува општеството на кое му служи и го штити“, напиша тој на социјалните мрежи.

Загриженост изрази и американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, кој изјави дека косовската полиција е таму за да им служи на сите заедници во Косово.

Европската Унија(ЕУ) бара во четирите општини на северот да се одржат избори што поскоро, и со учество на Србите. Претходно тие бојкотираа, по што победија градоначалници Албанци. 

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Слично

Поврзани вести