Економија, финансии, бизнис

Контакт

Превентивна евакуација во Сремска Митровица

Превентивна евакуација во Сремска Митровица

Одлука за превентивна евакуација на населението донесе денеска општинскиот штаб за вонредни ситуации во Сремска Митровица. Ќе се евакуираат луѓе од поединечни делови на градот и од местото Лачарак.

Во тек е и евакуација на населението од Барич, а полицијата проверува дали сите лица се евакуирани. Над Барич надлетуваат хеликоптери, а поголемиот број граѓани ги напуштија домовите, додека домашните животни останаа во дворовите.

Евакуација почна на населбите Умка и Остружница, кои се наоѓаат на река Сава. Полицијата го затвори патот кон Обреновац односно ком Умка и Барич, а се пропуштаат само автобусите за евакуација на луѓето и механизацијата за борба против поплавите.

Од правец на Барич кон Белград има голема колона на возила односно граѓани кои со своите автомобили се евакуираат.

Слично

Поврзани вести