Претставници на „Шарената револуција“ ќе се најдат на пратеничките листи?
Пет активисти од „Шарената револуција“ ќе се најдат на пратеничките листа на СДСМ, дознава Телма од високи партиски функционери.
Разговорите се во тек, но засега ништо не е официјализирано. Еден од споменуваните Павле Богоевски вели дека тие се отворени за соработка со опозицијата, но уште ништо конкретно не е ставено на маса ниту пак има договор за имињата на кандидатите.
Од СДСМ посочуваат дека нивната цел е да се создаде широк опозициски фронт за уривање на актуелната власт. Работите ќе станат појасни кон крајот на септември кога ќе го одржат партискиот конгрес. Тогаш ќе се соопштат и шесте кандидатски листи, нивните носители и кој се ќе учествува. И нивните противници од ВМРО-ДПМНЕ велат дека подготвуваат промени на кандидатските листи и ќе има нови имиња.
