Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претставници од АЕК денес во Даблин на седница на BEREC

Претставници од АЕК денес во Даблин на седница на BEREC

Денеска Делегација од Агенцијата за електронски комуникации предводена од директорот Роберт Орданоски присуствуваше на е на пленарна седница на Групата на независни регулатори (IRG) и Европското тело на регулатори за електронски комуникации (BEREC) во Даблин.

На седницата присуствуваа претставници на регулаторните тела од земјите членки на Европската унија, земјите кандидати за проширување и земјите членки на ЕФТА.

Се дебатираше за теми од областа на регулацијата на електронските комуникации и усвоија повеќе извештаи. Се дискутираше и за новостите во врска со предложената регулатива од страна на Европската комисија. Поголема дискусија е развиена за начинот на кој Групата на независни регулатори (ИРГ) ќе ја продолжи својата работа преку конкретни активности и цели посебно во насока на создавање форум кој ќе се користи за споделување на знаење и искуство за помладите експерти.

Директорот Орданоски, како што денеска информира АЕК, презентирал извештај од посетата на Јапонија на која биле присутни и претседателот и потпретседателите на ИРГ/БЕРЕЦ.

Слично

Поврзани вести