Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претставници на компанијата „Англо Американ“ на средба со министерката Божиновска

Претставници на компанијата „Англо Американ“ на средба со министерката Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со британскиот амбасадор Метју Лосон, како и со претставници на меѓународната компанија „Англо Американ“, една од водечките светски корпорации во областа на рударството и металургијата.

На состанокот присуствуваше и Никола Стојаноски, директор за меѓународна трговија и инвестиции во Амбасадата на Обединетото Кралство, 

Амбасадорот Лосон и претставниците на „Англо Американ“ ја поздравиле досегашната соработка со Министерството, изразувајќи интерес,како што се вели во соопштението, за понатамошен институционален дијалог и заеднички иницијативи во насока на зајакнување на билатералните односи.

„Средбата се одржа во духот на континуирана и конструктивна соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство во областа на енергетиката и рударството. Разговарано беше за актуелните активности на Министерството и можностите за размена на искуства и добри практики во управувањето со природните ресурси и енергетската транзиција.

Министерката Божиновска ја истакна одличната соработка со британската амбасада, која, како што нагласи, претставува значаен партнер во процесите на развој на енергетските политики, унапредување на регулативата и поттикнување на одржливи практики во секторот“,објави Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.


Слично

Поврзани вести