Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претставници на ИВЗ насила бркале дуќанџии?

Претставници на ИВЗ насила бркале дуќанџии?
Група граѓани кои се претставиле дека се од Исламската верска заедница вчера попладне ги избркале вработените и гостите во три дуќани во зградата Ибни Пајко во центарот на Скопје, на влезот од Старата скопска чаршија, соопшти МВР. Додека да дојде полицијата, групата ги сменила бравите на дуќаните. Покажувале документи за сопственост врз дуќаните. Спорната зграда во моментов е во сопственост на Република Македонија, а ИВЗ ја побарува за денационализација, но постапката не е завршена. Кога полицијата стигнала на местото, ги запечатила дуќаните, а со Јавното обвинителство покренала истрага за целиот случај. Надлежните истакнуваат дека групата, без разлика на постапката за денационализација и документите кои ги поседува, немала право да пристапи кон извршување, туку требало да почека да постапуваат институциите. Поради тоа се можни кривични пријави за „самовластие“.  
Слично

Поврзани вести