ПРЕТСТАВЕН НАЈСКАПИОТ ЧАСОВНИК НА СВЕТОТ: Украсен е со 482 жолти дијаманти, поставени на златна рамка, а цената?
Компанијата Jacob
& Co го презентираше рачниот
часовник наменет само за
најбогатите луѓе на светот. Чини
точно 20 милиони долари.
Часовникот кој е наречен Billionaire Timeless Treasure и е украсен со точно 482блескаво-жолти дијаманти поставени на сложена златна рамка.

Тим од десет занаетчии работеа на часовникот три и пол години, при што поголемиот дел од времето го поминаа наоѓајќи доволно дијаманти со иста боја и квалитет.
На својот официјален ФБ профил компанијата за својот производ напиша:
Еве го сонцето: Billionaire Timeless Treasure
Длабоката боја на неговите жолти дијаманти, рефлексиите предизвикани од повеќе од 25 000 аспекти ги хипнотизираат дури и највештите очи. Пронаоѓањето на 482 дијаманти, од кои сите се или Fancy Yellow или Fancy Intense Yellow во боја, сите се големи, сите се погодни за Asscher-cut, е задача толку тешка што никој никогаш не ја презел. Вкупната груба тежина на тие камења, пред било каков вид на сечење, се проценува дека била околу 880 ct.

