Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претставен изгледот на кинеско-рускиот конкурент на Ербас и Боинг

Претставен изгледот на кинеско-рускиот конкурент на Ербас и Боинг

Кина и Русија го претставија својот грандиозен проект за патнички авион, во природна големина, но сепак како макета.

На најголемиот авио-фестивал во Азија беше откриен изгледот на првиопт модел со кои двете земји од Истокот ќе се обидат да им се спротистават на американскиот Боинг и европскиот Ербас.

Пред јавноста беше презентиран авионот CR929 преку заедничко вложување на Кина и Русија.

"Нашата програма напредува и се одвива во предвиден рок", рече претседателот на стратешкиот партнер во проектот од руската страна, компанијата UAC. "Во моментов сме во фазата на проектирање и ние сме во фаза на избор на добавувачи и опрема, која ќе биде завршена до крајот на 2019 година," вели тој.

Должина на трупот на авионот е 22 метри, 6,5 метри висок и 5,9 метри широк, има пространа внатрешност

"Поблиску е до Ербас отколку до Боинг ", гласи коментарот на познавачите.

Рускиот UAC и кинескиот COMAC во 2014 гообјавија соработка на програмата на патнички авиони со широк труп, а три години подоцна почна целосна програма за развој преку формирање на заедничка компанија (CRAIC).

До денес, тие веќе побараа предлози за мотор на авиони и опрема за слетување.

CR929 ќе го изврши својот прв лет во 2023 година.



Слично

Поврзани вести