Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателските кандидати „под лупа“ на лустраторите

Претседателските кандидати „под лупа“ на лустраторите
Комисијата за верификација на факти наскоро ќе започне да ги прегледува досиејата на потенцијалните кандидати за претседател. Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски од СДСМ, Илјаз Халими од ДПА и Зоран Поповски од ГРОМ ќе мора најпрвин да ја поминат лустрациската проверка и да добијат потврда дека не соработувале со тајните служби за и официјално да станат кандидати за претседател. Комисијата ќе треба да ги провери и сите кандидати за пратеници, што ќе се најдат на листите на политичките партии за претстојните предвремени парламентарни избори. Инаку, лустрациската комисија се уште работи во стар состав, откако Собранието во претходниот мандат не успеа да избере нивни наследници. За избор на нов состав на Комисијата е потребно 2/3 мнозинство, кое не можеше да се обезбеди.
Слично

Поврзани вести