Претседателските кандидати и партиските лидери со набиена агенда
Митингот на кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“ Ѓорге Иванов вечерва се оддржува во Скопје. Претходно Иванов има и средби со граѓани во Петровец, Чучер-Сандево и С. Нагоричане. Според најавите на вечерашниот митинг ќе биде промовирана и прогрмата на ВМРО – ДПМНЕ пред граѓаните за предвремените парламентарни избори со 2046 нови проекти.
Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски, денеска ќе ги посети Карбинци, Пробиштип и Штип. Пендаровски ќе оствари средба и со жителите на Злетово.Пендаровски ќе ги посети и село Караорман и Три Чешми. Претседателот на СДСМ пак Зоран Заев, денеска ја започнува посетата во Ѓорче Петров. Ќе има средби со граѓаните во Волково, населба Дексион, Сарај, село Љубин, Долна Матка, село Шишево и Ѓорче Петров. Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска ќе ја посети општина Гази Баба.
Во Куманово се оддржува митинг на кандидатот за претседател на ГРОМ Зоран Поповски кој ќе има и средба со граѓани во месноста Лозаново и Бегови бавчи. Во Куманово ќе биде оддржана и конвенција на Граѓанската опција за Македонија - ГРОМ на која ќе бидат претставени кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори.
Кандидатот за претседател на ДПА Илјаз Халими ќе одржи митинг во Сингелиќ.
Слично
