Претседателот со поддршка за екстерното тестирање
Денеска во Охрид претседателот Ѓорѓе Иванов присуствуваше на свеченоста на плажата пред хотелот „Инекс“ по повод поставувањето на „Бело знаме“, што претставува меѓународен симбол на еколошки чисто крајбрежје.
Иванов одговарајќи на новинарско прашање во врска со предлогот за воведување на екстерно образование во високото образование изјави дека Македонскиот образовен систем треба да ги почитува европските стандарди.
-Како се приближуваме кон Европа, така треба да применуваме европски стандарди и вредности. Нашето образование е дел од европскиот образовен простор и мора со сите тие критериуми ние како држава да се соочуваме.-изјави претседателот Иванов.
Слично
