Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот Пендаровски се запозна со работниот процес на „Костал Македонија“

Претседателот Пендаровски се запозна со работниот процес на „Костал Македонија“

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид ја посети фабриката „Костал Македонија“, дел од германската групација „КОСТАЛ“ за производство на делови и компoненти за автомобилската индустрија.

За време на посетата претседателот Пендаровски беше запознаен со производствените капацитети, со актуелните проекти, идните бизнис насоки и инвестициски проекции на компанијата.

Во разговорот со генералниот директор на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, претседателот беше информиран дека низ технолошки развиен, напреден и високо софистициран процес фабриката произведува и делови коишто се вградуваат во најмодерните електрични и хибридни возила.

Претседателот Пендаровски беше запознаен дека компанијата придонесува и на домашен план, поттикнувајќи личен развој и задржување на младите и стручни кадри во земјата, а исто така разговараше и со млади инженери кои посетуваат тренинг во „Костал Македонија“. 

Слично

Поврзани вести