Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот оптимист за преговорите

Претседателот оптимист за преговорите

Претседателот Ѓорге Иванов вели дека будно го следел преговарачкиот процес и се надева дека ќе се почитува договорот од Пржино.

„Со внимание ги следам сите настани околу исполнувањата на политичкиот договор кој беше договорен од лидерите на најголемите политички партии и се надевам дека се ќе оди како што е предвидено и дека утрешната посета на Хан е само потврда дека стоиме до она што е договорено, за да можат сите политички актери да бидат одговорни за сето она што го презеле и да го реализираат. Затоа што роковите течат и договорот мора да се исполнува” – рече Иванов.

Инаку, преговорите пред два дена заглавија, кога опозициската СДСМ стана од преговарачката маса, откако Советот на обвинители од предложени 14,одобри 7 обвинители од тимот на Ката Јанева  .

На крајот, четирите партии потпишаа писмо кое го испратија до Советот на јавни обвинители, со кое утре ќе бараат да биде избран целиот тим на специјалната јавна обвинителка.

Слично

Поврзани вести