Претседателот на Уставен суд: Не може за некој да земе плата во јавно претпријатие, да пропадне приватна компанија
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, синоќа во телевизиското гостување кај ТВ21 за предметот поврзан со долговите на јавните претпријатија, тој предупреди дека евентуалната одлука може да има сериозни последици врз државниот систем и економијата.
– Последиците од нашата евентуална одлука можат да бидат катастрофални, дури и од катаклизмични размери, бидејќи долговите на јавните претпријатија се околу една милијарда евра – истакна Костадиновски.
Тој нагласи дека државата мора да воведе финансиска дисциплина и да стави крај на неодговорното работење на јавните претпријатија.
– Не може јавните претпријатија да се однесуваат бахато и комотно, а приватни компании да пропаѓаат затоа што не можат да си ги наплатат долговите. Мора државата да најде некој начин како да се справи со ова или со партиската превработеност. За тие да земат плата, на пример, приватна компанија треба да пропадне, мора да се стави крај на ова – порача претседателот Костадиновски.
