Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот на Светската банка предупредува: Се очекуваат многу економски нарушувања дури и по отворањето на Ормутскиот теснец

Претседателот на Светската банка предупредува: Се очекуваат многу економски нарушувања дури и по отворањето на Ормутскиот теснец

Земјите погодени од војната на Блискиот Исток треба да очекуваат неколку месеци економски нарушувања дури и по евентуалното повторно отворање на Ормутскиот теснец, предупреди претседателот на Светската банка, Аџај Банга.

Тој изјави дека дури и во случај на стабилизација и нормален проток на нафта преку клучниот светски поморски пат, на глобалните економии ќе им требаат уште неколку месеци за да се вратат на претходното ниво на активност, пренесува CNBC.

„Потребно е време работите да се стабилизираат“, рече Банга за време на состанокот во рамките на пролетната сесија на ММФ и Светската банка.

Банга истакна дека Светската банка подготвила таканаречен „воен фонд“ кој би можел да обезбеди помеѓу 80 и 100 милијарди долари поддршка за клиентите во следните 15 месеци, во зависност од интензитетот и времетраењето на кризата.

Според него, во рамките на кризните механизми, земјите би можеле веднаш да добијат до 20 до 25 милијарди долари, без дополнителни одобренија, додека во случај на продолжена криза, средствата постепено би се зголемувале.

Тој додаде дека за време на пандемијата на коронавирусот, Светската банка мобилизирала околу 70 милијарди долари помош, што го покажува обемот на планираниот одговор на сегашниот шок.

Тој особено нагласи дека земјите треба да дадат приоритет на контролата на инфлацијата пред да се фокусираат на економскиот раст.

„Прво стабилизирајте ја инфлацијата, а дури потоа растот“, рече Банга. 

Тој предупреди на ризикот од долгорочна дестабилизација на цените.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести