Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот на странските инвеститори во Македонија задоволен од договорот

Претседателот на странските инвеститори во Македонија задоволен од договорот

Претседателот на Советот на странски инвеститори на Стопанската комора на Македонија, Штефан Петер, вели дека самото потпишување на договорот помеѓу Скопје и Атина ќе има огромно влијание врз бизнисот. 

- На граѓаните нема токму денес да им биде јасно што значат настаните од минатиот викенд, но има време пред нас во кое ќе им овозможиме да разберат. Јас сум европски бизнисмен и јасни ми се придобивките од тоа што Македонија ќе биде интегрирана во ЕУ. Минатиот викенд се покажа дека Македонија не е остров и дека е во интеракција со своите соседи. Истото важи и за странските инвеститори во Македонија, тие не се остров. Странските инвеститори се интегрираат себе си во македонското општество, истакна Петер на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање - вели Петер.

Петер инаку е претседател на Управниот одбор на ЕВН.

Слично

Поврзани вести