Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот на САНУ: Србија да признае дека Косово не и припаѓа

Претседателот на САНУ: Србија да признае дека Косово не и припаѓа

Претседателот на Српската академија на науките и уметностите „САНУ“ Владимир Костиќ повикал јавно да се признае пред српскиот народ дека Косово не е српско, пренесоа српските медиуми.

Според него, ова е единствената политичка мудрост и достоинство, бидејќи де факто Косово не е во српски раце. Некој мора да го каже тоа нешто на народот, истакнал Костиќ и прецизира дека „САНУ“ нема изразена позиција по ова прашање, но тоа е негово лично мислење.

„Косово претставува огромен дел од нашата културна база и за тоа ние сме должни да се бориме со заби и нокти, бидејќи тоа е обид за одземање на историската, психолошката природа и што ли уште не“, изјавил академикот и додал: „Да зборуваме искрено, ако еден министер, премиер или претседател треба да бара дозвола за да влезе на оваа територија, ова доволно зборува дека немаме ниту човечки, ниту економски, ниту какви и да се другите можности за наметнување на нашата воља. Може само да се гледаме во очи и да се лажеме, но алтернативата е многу јасна“.

Тој признал дека во оваа фаза се возбудуваат многу повеќе од судбината на Република Српска, бидејќи таму постои „сериозна, активно, културен и научен потенцијал од српскиот народ, од 1,5 или 2 милиони луѓе. Според него Србија, дури и со „враќање“ ќе треба да влезе во Европската унија „ЕУ“, бидејќи нема друга алтернатива. Тој го опишал како вештачка алтернативата за сојуз со Русија и го поставува прашањето: Дали Русија воопшто ја сака Србија.

„Независно од ударите кои ќе ги добие, Србија треба да ги развива демократските сили и слободата. Во спротивно нема да преживее ... Историска вистина е дека многу големи народи ги загубиле своите основи“.

Потсетуваме дека Косово прогласи независност во февруари 2008 година и до денес над 110 држави во светот, вклучително и Македонија ја признаа независноста на поранешната српска покраина.

Слично

Поврзани вести