Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот на Кипар не сака финансиска помош

Претседателот на Кипар не сака финансиска помош
Нема да прифатиме меѓународна помош условена со рокови, ова го изјави претседателот на Кипар Димитрис Христофиас, одбивајки го планот за финансиска помош. ПретседателотХристофиас додаде дека  Владата во Никозијав планира да предложи дополнителен план за штедење, и истакна дека  никогаш нема да потпише договор во кој се предвидува приватизација на јавните претпријатија, укинување на усогласувањето на доходите на вработените со инфлацијата. - Ние не им кажуваме едноставно „не“. Ние им нудиме поинакви предлози. Тие се подготвени, се наоѓаат во последната фаза на изработка и ние ќе заштедиме онолку колку „тројката“, ММФ, Европската централна банка и Европската комисија, бараат од нас, потенцираше Христофиас. Оваа земја е една од најмалите економии во Европа вредна 18 милијарди евра. Погодени од грчкиот долг Две главни кипарски банки претрпеа огромни загуби.
Слично

Поврзани вести