Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот Иванов во тридневна посета на Србија

Претседателот Иванов во тридневна посета на Србија
Шефот на државата Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја од денеска ќе престојуваат во тридневна официјална посета на Србија, објавија од претседателскиот кабинет. Во рамките на посетата, предвидено е утре Иванов да биде примен од српскиот претседател Томислав Николиќ, а ќе оствари и работна средба со претседателот на Народното Собрание на Србија Маја Гојковиќ. За време на официјалната посета на Србија, претседателот Иванов во Панчево ќе оствари средби со претставници на македонското национално малцинство во Република Србија. В сабота Иванов во Белград ќе учествува на 38-та средба на Европската група на Трилатералната комисија. претседателот Иванов во Белград ќе биде примен од претседателот на Република Србија, г. Томислав Николиќ, а ќе оствари и работна средба со претседателот на Народното Собрание на Република Србија, г-ѓа Маја Гојковиќ.

 

За време на официјалната посета на Република Србија, претседателот Иванов во Панчево ќе оствари средби со претставници на македонското национално малцинство во Република Србија.

 

Во сабота, 01 ноември 2014 година, претседателот Иванов во Белград ќе учествува на 38-та средба на Европската група на Трилатералната комисија.

Слично

Поврзани вести