Претседателот бара експертска комисија,Црвенковски не прифаќа
Предлогот за формирање непартиска експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември во и пред собранието Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски го одби, иако му беше упатен од страна на претседателот Ѓорге Иванов.
- За жал, Вашиот предлог за формирање „експертска комисија“ за утврдување на фактите го оценуваме како уште еден обид да се одложи соочувањето на актуелната власт со сопствена одговорност, и затоа за нас е неприфатлив, се вели во писмото што лидерот на СДСМ му го упати на Иванов. Смета дека ниту на домашната ниту на меѓународната јавност не им се потребни, како што наведува, комисии за да се утврдат фактите бидејќи снимките го обиколија светот.Црвенковски притоа наведува дека кај опозицијата постои искрена политичка волја заеднички да се утврдат и реализираат сите предуслови за одржување слободни и фер предвремени парламентарни избори. Тој посочува дека по 24 декември земјата се наоѓа во длабока политичка криза. Притоа додава дека ниту еден политички одговорен субјект не смее да стане соучесник во сценарио што треба поинаку да ги прикаже настаните пред и за време на 24 декември или да се прикријат на одредено време. Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, донесе одлука да поведе иницијатива за формирање објективна непартиска експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието на Република Македонија, но и за настаните кои претходеа.
Слично
