Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот Азески со тим од Комората во посета на „Булмак 2016“, концесионер на рудниците „Злетово“ и „Тораница“

Претседателот Азески со тим од Комората во посета на „Булмак 2016“, концесионер на рудниците „Злетово“ и „Тораница“

Денеска делегација на Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески ќе ја посети компанијата „Булмак 2016“ Пробиштип, дел од Минстрој Холдингот, кој е концесионер на рудните наоѓалишта „Злетово“ и „Тораница“.

Тимот од Комората ќе има средба со менаџментот на компанијата „Булмак 2016“, со цел да се запознае со работата на рудниците во услови на енергетска криза и да даде поддршка при адресирањето на мерките кои му се потребни на стопанството.

Компанијата „Булмак 2016“, каде работат 800 лица, е меѓу 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија, кои се наоѓаат на слободниот пазар и кои учествуваат со 20  отсто во вкупната потрошувачка на енергија.


Слично

Поврзани вести