ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ ПОДНЕЛА ОСТАВКА - Милева на местото на Каранфиловиќ
Настанале промени во директорските позиции на „чоколадната“ фабрика „Европа“, а компанијата за тоа извести преку Македонската берза.
Поднела оставка неизвршната членка и претседателка на Одборот на директори Марија Каранфиловиќ, а за нова претседателка на Одборот е назначена Наташа Милева.
„Акционерско друштво - фабрика за чоколади, вафли и бонбони ЕВРОПА-Скопје, со седиште на ул.808 бр.8, Гази Баба, Скопје, известува дека неизвршниот член и Претседател на Одбор на директори Марија Каранфиловиќ поднесе оставка од функцијата. За Претседател на Одборот на директори е назначена Наташа Милева“, се вели во објавата од компанијата испратена до Берзата.
Слично
