ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседател на држава ги повика граѓаните да ручаат во рестораните поради локалната потрошувачка

Претседател на држава ги повика граѓаните да ручаат во рестораните поради локалната потрошувачка

Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг ги повика граѓаните почесто да јадат во ресторани како дел од иницијативата за зајакнување на домашната потрошувачка, објави неговиот кабинет.

Ли вечерал во ресторан во центарот на Сеул со членови на неговиот персонал вчера во обид да им даде поддршка на малите ресторани и локалните трговци кои се соочуваат со пад на потрошувачката, објави Џонхап.

„Лично се надевам дека граѓаните ќе ги посетат блиските ресторани за да ги поддржат овие бизниси, што пак ќе придонесе за заживување на локалната економија и ќе претставува чекор кон посветла иднина за Јужна Кореја“, рече Ли на социјалните мрежи.

foto freepik.com

ad
Слично

Поврзани вести