Претрес во домовите на осомничени од „Титаник”, пронајдени и нови докази
Во претресот што на барање на Специјалното јавно обвинителство, вчера беше извршен во селото Батинци, нема приведени лица, а биле пронајдени и одземени предмети што можат да послужат како доказ во постапката за случајот „Титаник“, - јави Мета.
Од специјалното обвинителство потврдиле дека претресот бил во рамките на истрагата за случајот „Титаник“, но не го кажуваат лицето во чиј дом била спроведена акцијата.
„Претресот беше извршен во рамки на предметот „Титаник“ и не сме во можност да соопштиме кај кое лице се вршеше претресот. При претресот се пронајдени и одземени предмети што можат да послужат како доказ во постапката. Приведени лица нема“, стои во одговорот на СЈО.
Според неофицијални информации,претресот бил извршен во домот на Мунир Пепиќ, вработен во полициската станица Центар, кој е еден од осомничените во „Титаник“, за кој СЈО веќе побара притвор, но судот го одби барањето
