ПРЕТПРИЕМАЧКА ПРИКАЗНА: Како до здрав бизнис со 300 евра капитал?
Милица Чалија од Србија иако долги години работела во компании за маркетинг, пр и компании кои прават вкусни производи, сепак сакала своето знаење да го примени во свој бизнис.
И нејзиниот сопруг бил на крстосница во животот и затоа решила да се обидат со свој бизнис.
Чалија вели дека јаделе за појадок овесни снегулки, но не биле доволно вкусни и затоа недела дена во кујна експериментирале.
Одлучиле дека имаат производ, а не услуга, а потоа решиле дека да се прави колач е економски исплатливо.

Така ги создале колачите Ангели кои сега се препознатливи на пазарот.
„Ангели се појавија во пролетта 2012 година од нашата рерна и долго ги печевме дома. Во почетокот ги печев навечер и доцна во ноќта додека децата спијат, лишувајќи се од сон. Потоа ми се придружија две тетки кои се пријателки на мајка ми, жени во пензија, и со нив на чаршафи во станот ги ладевме Ангели. Најголем проблем беше да го вратиме станот во првобитна состојба пред децата да се вратат од градинка“ - вели таа.
Додава дека оваа деловна авантура ја почнале со капитал од само 300 евра. Од денешна перспектива почетоците им изгледаат смешно, но по 3 месеци веќе имале заработка од бизнисот и од него можеле да живеат.
Потоа купиле професионална печка и комбе.
Со бебешките колачи денес имаат добра заработка и вели дека нејзиниот сопруг лично ги знае сите купувачи.
