Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претепаните момчиња од Батинци, инцидентот го пријавија во Хелсиншки

Претепаните момчиња од Батинци, инцидентот го пријавија во Хелсиншки

Двете момчиња кои беа нападнати и претепани од група насилници на плоштадот ,,Македонија” во неделата, бараат да се расветли случајот и да се најдат напаѓачите.

Тие инцидентот веќе го пријавиле во Хелсиншкиот комитет за човекови права и слободи.

Бурхан Исмаил во изјава за Алсат, вели дека неговата  здравствена состојба и на и неговиот 14-годишен братучед, е влошена, а револтот е уште поголем, бидејќи полицијата се уште не ги нашла напаѓачите.

Бурхан вели дека не му е јасно како е можно полицијата да не ги најде напаѓачите, кога на плоштадот има камери.

Нападнатите момчиња сега ја собираат целата потребна документација, а потоа ќе се обратат и до надлежните институции каде ќе бараат расветлување на случајот

Слично

Поврзани вести