Претепан таксистот, обвинет за силување на скопјанката што се самоуби
Таксистот, кој мајката на дваесетгодишната Стефани Брзановска, го обвини дека ја силувал девојката, бил претепан во своето возило.
Тој поднел пријава до скопската полиција и рекол дека семеен пријател на мајката на девојката физички го нападнал.
Таксистот бил удиран со боксови и клоци по главата и телото, од кои му се нанесени видливи повреди, модринки и отоци, расекотина на левата аркада и расекотина на задниот дел од главата, а напаѓачот побегнал.
Нема информации ни за тоа дали овој напад има врска со самоубиството на девојката.
Од друга страна, полицијата во Скопје информира дека нема регистрирано никаква пријава за силување во последните 48 часа и нема информации дека дваесетгодишната девојка, која вчера си го одзеде животот во скопската населба Аердром била нападната од такси возач, како што тврди нејзината мајка.
Телото на Стефани е предадено на судските вештаци за обдукција кој треба да ги провери наводите на мајката.
