Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕСВРТ: Пукна љубовта со Трамп, трговската војна „го уби“ ветувањето

ПРЕСВРТ: Пукна љубовта со Трамп, трговската војна „го уби“ ветувањето

Ветувањето на кинескиот технолошки милијардер Џек Ма дека ќе создаде милион нови работни места во САД е најнова жртва на трговската војна со Кина.

Шефот на Алибаба го привлече вниманието при почетокот на минатата година кога по состанокот со Доналд Трамп после неговиот избор за претседател на САД амбициозно вети дека ќе создаде милион работни места во САД.

Меѓутоа, во интервју за кинеската официјална агенција Синхуа, Ма вели дека брановите на нови тарифи кои ги наметнаа Вашингтон и Пекинг во последните неколку месеци тој план го уништиле.

„Ова ветување е дадено врз основа на пријателската соработка меѓу Кина и САД и разумни билатерални трговски врски, но моменталната ситуација веќе ја уништила таа основа“, рекол Ма додавајќи дека ова ветување не може да биде извршено.

Портпаролот на Алибаба, најголемата кинеска компанија за е-трговија, ја потврдила изјавата на Ма

Аналитичарите веќе изразија сериозни сомневања во врска со ветувањето кое Алибаба го најави oткако Трамп и Ма се запознале во Трамп Тауер во Њујорк во јануари 2017-та.

Како наведуваат, нејасното ветување на Џек не е засновано на инвестирањето на Алибаба во САД за изградба на фабрика или други слични вложувања. Наместо тоа, зборувал за стимулирање на трговија со тоа што ќе им пимага на малите американски претпријатија да ги продаваат своите производи на потрошувачи во Кина и низ Азија.


Слично

Поврзани вести