ПРЕСВРТ: НОВАК ЌЕ МОЖЕ ДА ИГРА НА РОЛАН ГАРОС? Од Франција стигнуваат важни вести за најдобриот тенисер
На кои турнири би можел да игра Новак Ѓоковиќ оваа сезона? Ова е прашање кое се повеќе се споменува откако беше депортиран од Австралија, поради што го пропушти учеството на неговиот омилен Австралија Опен.
Сега доаѓаат важни добри вести за најдобриот играч на светот. Ѓоковиќ би можел да ја одбрани титулата освоена лани на Ролан Гарос, бидејќи менуваат важно правило во Франција!
Ова е најновиот заклучок по изјавата на францускиот шеф на стратегијата на Ковид, Алан Фишер. Тој изјави дека во таа земја може да се променат правилата на Ролан Гарос, забележуваат тамошните медиуми, а пренесува британски „Експрес“.
Неодамна од Франција пристигна информација дека сите учесници во спортските настани - без разлика дали се спортисти или публика - мора да се вакцинираат двапати за да можат да присуствуваат.
Тогаш се зборуваше дека правилата важат за сите, вклучувајќи го и Новак Ѓоковиќ, но сега се случи важен пресврт. Алан Фишер изјави во францускиот Сенат дека забраната може да биде „укината многу брзо“.
„Постојат мерки за Ковид кои сè уште важат, но постепено се укинуваат. Секогаш сме велеле дека сакаме да ги укинеме ковид потврдите за вакцинираните, веднаш штом ситуацијата во болниците тоа го дозволи“, рече Габриел Атал, портпарол на француската влада, кога беше прашан за коментарите на Фишер.
„Професорот Фишер рече дека проекциите се такви што би можеле да ги укинеме пропусниците што важат само за вакцинирани лица во март или април. Секако дека го сакаме тоа“, рече Атал, а пренесува „Конекшн Франс“.
Бидејќи Ролан Гарос се одржува кон крајот на мај и почетокот на јуни, јасно е дека ова би можело да биде добра вест за Новак Ѓоковиќ.
Извор: Мондо.рс
Фото: ЕПА
