Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕСУДИ ЗА „ШПИОН“: Марјан Ефремов – 15, генерал Горан Стојков – 9 години затвор!

ПРЕСУДИ ЗА „ШПИОН“: Марјан Ефремов – 15, генерал Горан Стојков – 9 години затвор!
Паднаа затворски казни за првата голема шпионска афера во Македонија. Првообвинетиот за организација на групата обвинета за шпионирање, Марјан Ефремов доби највисока казна - 15 години затвор. Според обвинението, тој шпионирал за странски разузнавачки служби, контактирал и одржувал средби со политичари, пратеници и министри од кои прибирал информации за важни политички прашања за кои биле заинтересирани странските разузнавачки служби, а истовремено се занимавал со уценување, измами и изнуди. Во афера шпион беа обвинети 19 лица. На деветмина обвинети што добија повисоки затворски казни, судот им го продолжи притворот до правосилноста на пресудата, а на петмина притворот им е укинат и заменет со алтернативни мерки. Поранешниот генерал Горан Стојков е осуден на девет години затвор, додека поранешниот директор за Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов доби три години затвор. Казна – затвор од 4 години доби Иџет Абди , кој во критичниот период работел во Агенцијата за разузнавање, исто како и Александар Диневски. Поранешниот шеф на кабинет на собранискиот спикер, Марјан Маџовски, пак со првостепената пресуда е осуден на една и пол година затвор за кривичните дека злосторничко здружување и уцена.  Најниска затворска казна од една година доби обвинетиот Георги Хаџи Мицев, додека на обвинетиот Слободан Милошевски, кој ја призна вината дека уценувал, му беше изречена условна казна. На новинарот Зоран Божиновски, кој исто така беше обвинет во овој случај, треба да му се суди откако ќе биде екстрадиран од Србија. Во афера шпион беа обвинети 19 лица.На деветмина обвинети што добија повисоки затворски казни, судот им го продолжи притворот до правосилноста на пресудата, а на петмина притворот им е укинат и заменет со алтернативни мерки.
Слично

Поврзани вести