Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕСУДИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА: Спасојевиќ и Толиќ добија доживотен затвор, а Максимовиќ е осуден на 30 години

ПРЕСУДИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА: Спасојевиќ и Толиќ добија доживотен затвор, а Максимовиќ е осуден на 30 години

Основниот суд во Приштина денеска ја соопшти пресудата за случајот „Бањска“, со која Благоје Спасојевиќ и Владимир Толиќ се осудени на доживотен затвор, а Душан Максимовиќ доби казна затвор од 30 години.

Тројцата беа обвинети за учество во вооружениот напад во општината Звечан на 24 септември 2023 година, при што е убиен полицаецот на Косово, Африм Буњаку.

Властите во Косово нападот го квалификуваа како терористички акт и ја обвинија Србија за вмешаност, додека Белград ги отфрли овие обвинувања.

Обвинетите се дел од група од вкупно 45 лица против кои беше поднесено обвинение околу една година по нападот во северниот дел на Косово. Меѓу нив е и Милан Радоичиќ, поранешен потпретседател на Српска листа, кој во обвинението е означен како „водач на терористичката група“.

Судот одлучи да ја издвои постапката за Спасојевиќ, Толиќ и Максимовиќ, кои се во притвор од септември 2023 година, додека за останатите 42 лица го одби барањето на Специјалното обвинителство на Косово за судење во отсуство.

Слично

Поврзани вести