Според адвокатот на Груевски, намаленото оштетно побарување од 50 илјади евра од тужениот е далеку од реалната штета нанесена врз угледот и честа на Груевски со наводите за корупција при продажбата на „Македонска банка“.
Пресудата е донесена, Заев прогласен за виновен!
Зоран Заев, лидерот на опозициската СДСМ е прогласен за виновен дека го наклеветил премиерот Никола Груевски и му нанесол голема душевна болка, соопшти пред малку судијката Весна Калковска.
Имено, Заев на Премиерот треба да му плати 50.000 евра оштета за клевета.
Судот одби како сведок да го повика Ден Дончев, кој според Заев ја доставил аудио-снимката со која тој ги поткрепуваше своите обвинувања и кој наводно бил посредник во комуникацијата меѓу Груевски и Газда Нини.
Исто така, судот како доказен материјал не ја прифати ниту аудио-снимката од наводните телефонски разговори.
Слично
