Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пресуда за пукањето во докторот на Дигестивна хирургија

Пресуда за пукањето во докторот на Дигестивна хирургија

Пет години и шест месеци затвор доби обвинетиот Имер Никшиќ (35), кој лани на 9 ноември пукаше во лекарот Љубомир Огненовиќ.

Лекарот неколку дена претходно ја оперирал неговата мајка која по операцијата починала. Според обвинението, Имер со оружје во раце се качил на катот и влегол во собата на лекарот Огненовиќ во кого испукал 7 куршуми, од кои два завршиле во неговото тело. Неговиот брат Абдулкајам кршел инвентар, се заканувал на вработените и со тупаници го нападнал обезбедувачот од Клиниката. Абдулкајам Никшиќ (37) доби условна казна.

Обвинетите браќа ја признаа вина. Абдулкајам нема да лежи 2 години во затвор, ако во наредните 5 години не направи кривично дело.

Слично

Поврзани вести