ПРЕСУДА: За 16 обвинети во „Керозин“ вкупно 90 години затвор
Сите обвинети во случајот „Керозин“ Судот денеска ги прогласи за виновни и им изрече затворска казна од 16 месеци до 12 години. Вкупно 16-мина беа на обвинителна клупа под обвинение дека преку неготинската фирма „Алма комерц“ точеле помало количество нафта отколку предвиденото со тендерите кои оваа фирма ги добивала.
Највисока затворска казна од 12 години доби првообвинетиот Ангел Пецов, неговата сопруга доби 11, а синот - 9 години затворска казна. Како сопственици на фирмата „Алма комерц“ судот пресуди дека тие биле организатори на групата.
Меѓу останатите осудени се и сопственици на фирми со кои соработувале, потоа возачи на цистерни, но и вработени во оштетените институции. Се проценува дека фирмата успеала да заштеди три илјади тони гориво, а со тоа да го оштети Буџетот за речиси два и пол милиони евра. На списокот на оштетени се околу 160 институции, меѓу кои Владата, Царинската управа, УЈП, министерства, општини, здравствени установи и градинки.
Слично
