ПРЕСУДА: По 595 години затвор за шверц на бегалци
Шокантна пресуда донесе судот на островот Крит - по 595 години затвор за петмина шверцери на бегалци.
Тоа значи една година затвор за секој од бегалците кои шверцерите се обиделе да ги пренесат нелегално во Грција со брод.
Вкупно 595 бегалци и мигранти биле патниците на бродот „Барис", кој отпатувал од турскиот брег, за илегално да влезе во Европа. За спасување на луѓето беше спроведена голема операција со учество на војската. Во бродот открија над сто деца.
Екипажот на бродот - петмина Сиријци и Авганистанци - беа уапсени и осудени на 595 години затвор за секој од нив, како и парична казна од 200.000 евра.
Бегалците, кои патувале во бродот, сведочеа пред судот дека платиле по 7.000 евра за илегалниот трансфер. Шверцерите им ветиле дека ќе ги однесат во Италија, но бродот беше фатен во близина на островот Крит.
