Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕСУДА: Осум и пол години затвор за фризерката што мамеше со станови

ПРЕСУДА: Осум и пол години затвор за фризерката што мамеше со станови
Осум и пол години затвор и досусди судот на фризерката Благица Дончевска, обвинета дека продавала непостоечки станови и измамила над 40 лица. Нејзиниот татко Ацо Велјановски доби казна затвор од 4,5 години. Со станбената измама Дончевска си присвоила стотици илјади евра од граѓани кои мислеле дека уплаќаат станови по повластени цени, како дел од владин проект, поддржан и од странски амбасади. Парите оштетените ги уплаќале преку сметката на нејзиниот татко, кој се бранеше дека не знаел оти ќе биде злоупотребен. Дончевска, пак, тврдеше дека и самата била жртва на измама. Освен затворската казна, осудените ќе треба да платат и отштета во висина од 45 милиони денари. Со оглед на тоа што на сметката каде што се уплаќале парите, нив ги нема, судот нареди замрзнување на имотот на Дончевска и нејзиниот татко - два стана во Скопје, 4 автомобили, покуќнина и накит. Мешу измамените е и пејачот Миле Кузмановски, кому фризерката треба да му врати 1,8 милиони денари.  
Слично

Поврзани вести