ПРЕСУДА: Една година затвор за офталмологот Ставриќ
Очниот лекар Дејан Ставриќ денеска е осуден на казна затвор во траење од една година по обвиненијата дека примил мито за да му обезбеди инвалидска пензија на еден пациент.
Ставриќ беше уапсен на 6-ти мај, а полицијата соопшти дека кај него биле пронајдени 2.000 евра во обележани банкноти кои ги зел од пациентот. Пред судот тој се бранеше дека целиот случај е конструкција и монтажа. Според него, парите што кај него ги нашла полицијата, не биле наменети за посредување за инвалидска пензија, туку за уплата за интервенција кај познат српски хирург, кој оперирал во приватната клиника во која работи и Ставриќ.
До правосилноста на пресудата на Ставриќ му е укината мерката притвор, но му е одземен пасошот и тој има забрана да ја напушти државата.
Судскиот процес против лекарот имаше само едно рочиште - во рок од неколку часа беа сослушани двете страни, се разгледаа доказите и веднаш беше донесена пресуда.
Слично
