ПРЕСУДА: Бошкоски ќе ја слушне новата судска одлука за „Ровер“
Кривичниот суд во Скопје денеска треба да ја донесе пресудата против ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски во случајот „Ровер“, за кој претходно тој веќе беше осуден на 12-годишна затворска казна.
Апелацискиот суд ја укина ваквата пресуда и предметот го врати на повторно судење. Пресудата беше укината со образложение ле направени пропусти во првостепената постапка.
Во случајот „Ровер“ за убиство на Марјан Тушевски и Киро Јанев првостепена пресуда беше изречена против десетина лица, меѓу кои и Бошкоски, кој беше осуден за помагање.
На повтореното судење Бошкоски отворено го изразуваше револтот против судечкиот совет и бараше изземање на судијата Илија Трпков. Неколкупати беше отстранет од судницата поради недолично однесување.
Слично
