Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕСУДА: Бошкоски доби казна затвор од 10,5 години за „Ровер“

ПРЕСУДА: Бошкоски доби казна затвор од 10,5 години за „Ровер“
Кривичниот суд во Скопје одлучи ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски да добие казна затвор од 10 години и 6 месеци во случајот „Ровер“. Бошкоски е осуден за помагање при убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година. Одлуката практично значи благо намалување на првичната казна затвор за Бошкоски за ова дело - најпрвин тој беше осуден на казна затвор од 12 години, но Апелацискиот суд ја поништи пресудата заради пропусти во постапката. Освен Бошкоски, Зоран Трајковски, некогашниот шеф на неговото обезбедување е осуден 8 и пол години затвор, Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ 7 години, а Никола Негриевски и Гоце Митревски добија затворска казна од 5 и пол години. Од првите четворица обвинети Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ пак се осудени на доживотна казна затвор во отсуство, додека Вук Вукичевиќ овојпат е осуден на 15 години затвор. Додека судијата ја читаше пресудата, Бошкоски му заврте грб за да покаже дека не го признава судскиот совет, на чело со судијата Илија Трпков. Ексминистерот за внатрешни е осуден под обвинение дека ветил оти нема да спроведува истрага против извршителите на убиството на Тушевски и Јанев. Тој е веќе на издржување на затворска казна заради случајот „Кампања“, во кој е осуден на пет години затвор заради нелегално финансирање на изборната кампања.
Слично

Поврзани вести