Престрелка во Тетовско, има повредени!
Вооружена престрелка и крвава тепачка со огнено и ладно оружје се одвивала синоќа после полноќ во тетовски Дреновец.
Како што информираат од МВР во инцидентот учестувале петмина лица на возраст од 20 до 53 години а се сеслучувало 10 минути после полноќ.
Три лица во престрелката го извлекле подебелиот крај и се здобиле со потешки повреди, односно едно лице се здобило со прострелна рана во пределот на десната надколеница, друго лице добило прострелна рана во пределот на левата надколеница а третиот добил убодна рана во пределот на средишниот дел од рбетот и били пренесени во КБ-Тетово.
Другите две лица исто така се здобиле со тешки телесни повреди односно со убодна рана во пределот на вратот и огреботина на долните екстремитети и биле пренесени во Ургентниот Центар во Скопје.
Екипи на СВР Тетово се на терен и вршат увид при што во текот на денот ќе биде расчистен случајот.
