Економија, финансии, бизнис

Контакт

Престрелка во Охрид: Неколку лица повредени

Престрелка во Охрид: Неколку лица повредени

Неколкумина лица се повредени ноќеска во Охрид при пукотници од огнено оружје. На пукотницата и претходела жестока физичка пресметка во која учествувале пет до шест алкохолизирани млади лица што се случила во кафе-бар во градот. Инцидентот со огненото оружје се случил пред домот на еден од инволвираните.

Неколку од повредените се примени со физички повреди и хоспитализирани во Општата болница во Охрид.

Полицијата го поврди инцидентот и најави повеќе информации во текот на денот, откако ќе завршат информативните разговори со очевидци и со учесниците во тепачката. 

Слично

Поврзани вести