Економија, финансии, бизнис

Контакт

Престрелка со терористи во Брисел

Престрелка со терористи во Брисел
Маж отворил оган врз тројца полицајци, а се трага по уште најмалку двајца напаѓачи. Белгиските сили за безбедност трагаат по најмалку двајца мажи, кои почнаа престрелка со полицијата за време на рациите во станови, дел од акцијата за борба против тероризмот во главниот град Брисел. Најмалку тројца полицајци се повредени, од кои еден  сериозно, а тамошните медиуми пишуваат дека повредените полицајци се четворица, односно четвртиот е повреден во втора престрелка, која се случила по првата. Од обвинителството во Брисел соопштија дека нападот е поврзан со нападите во Париз, каде што загинаа 130 лица. Нападите на неколку места во француската престолнина се случија на 13 ноември минатата година, кога над 350 луѓе беа повредени, а одговорноста ја презеде Исламска држава. Денешната акција била планирана од белгиски и француски специјалци, пренесуваат медиумите.  
Слично

Поврзани вести