Престрелка меѓу полицијата и војската во Истанбул
На аеродоромот во Истанбул „Сабиха Гокчан“ се судрија полициските единици и војската, пренесуваат локалните турски медиуми.
Турското обвинителство ја испрати полицијата да ги уапси официрите од воениот гарнизон на аеродромот. Додека полицијата се приближувала војниците почнале да пукаат.
Нема информации за повредени или ранети. Бројот на војници кој се наоѓа на аеродромот не е познат, а таму се упатиле 60 полицајци.
Според последните информации полицијата пукала во знак на предупредување, а групата „пучисти“ е уапсена.
Ова се случи на вториот по големина аеродром во Истанбул.
Обид за државен удар имаше во петокот.
Слично
