Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕСТРЕЛКА ГО ПОТРЕСЕ КУМАНОВО: Една жртва и две повредени лица

ПРЕСТРЕЛКА ГО ПОТРЕСЕ КУМАНОВО: Една жртва и две повредени лица

 Попладнево околу 15.30 часот жители на кумановската населба Бедиње беа вознемирени поради немил настан во кој едно лице настрада.

Имено, според пишувањата на медиумите, се случила престрелка во која се застрелани три лица, а на повредите им подлегнал кандидатот за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ Џемаил Реџепи алиас командант Шипоња . Во Реџепи и во уште двајца кои биле во негово друштво е стрелано со автоматска пушка од автомобил во движење.

Лајм пишува дека Командант Шчипоња не се согласувал со изборот на сегашниот претседател на кумановскиот огранок на ДУИ, Бајрам Лимани, кој бил именуван од страна на Али Ахмети. Наводно, Командант Шчипоња денеска требало да се сретне со Лимани.

Инцидентот се случи во кафуле во близина на факултет на ДУТ во Куманово, каде што Реџепи требало да се сретне со Бајрам Лимани за да се координираат во врска со изборот на претседател.

Од СВР Куманово потврдија дека имало престрелка , полицијата работи на случајот и расчистување на истиот.

Слично

Поврзани вести